Претходна статија
ЕУ со неповратни средства ја поддржа изградбата на експресниот пат Градско - Прилеп
Следна статија
Ќе се гради водовод и канализација во новата скопска населба Хиподром 2

Жителите на Дебар Маало бараат да сопре издавањето градежни дозволи за оваа населба

Објавено на 24.08.2017 во категорија Вести.

 

Мораториум за издавањето градежни дозволи за градење на нови објекти во скопската населба Дебар Маало. Ова е барањето што денеска го поднесе граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ до градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Од иницијативата инсистираат дека е неопходно да се изработат научни студии и стратегија за развој на ова скопско маало. До утврдувањето на фактичката состојба на терен, од оваа иницијатива сметаат дека не треба да се издаваат нови одобренија за градење. Тие го поздравија напорот на општина Центар за изградба на монтажен паркинг во населбата, но и се прашуваат дали тој ќе биде место за нови возила или за истиот број само тргнати од тротоарите.

Од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ во понеделникот протестираа пред Министерството за култура против узурпирањето на јавниот простор во нивната населба. Тие велат дека тротоарите во Дебар Маало се преполни со возила, сообраќајниот метеж е хаотичен, а изградбата на нови објекти во маалото е неконтролирана. Од општина Центар вчера најавија дека проблемот со паркирањето во оваа населба ќе го решаваат со нов монтажен паркинг со капацитет од 270 до 290 возила.