Претходна статија
Може ли скопската населба Топаана да постане достојно место за живеење?
Следна статија
Нова коловозна лента на потпатникот под магистралниот пат Кичево-Гостивар

„Жабецот принц“, „Октоподот Хенк“ и „Љубопитните орли“ ќе ги развеселат дечињата низ парковите

Објавено на 07.04.2017 во категорија Вести.

 

Градот Скопје избра три идејно-обликовни и архитектонско-урбанистички решенија за едукативни просторни инсталации што ќе се постават во скопските паркови. Најмладите скопјани во иднина ќе можат да се забавуваат со инсталациите „Жабецот принц“ во Градскиот парк, „Октоподот Хенк“ во Паркот Македонија и „Љубопитните орли“ во Парк-шумата Водно. Жирито определено од градските власти го избра за победнички Конкурсниот труд „Кликлак“ на авторките Александра Шулевска и Бојана Стојменовска и ја вреднуваше нивната идеја со главната награда во висина од 150.000 денари. На архитектонскиот Конкурс, кој беше објавен во февруари годинава, биле поднесени три авторски дела за планираните едукативни просторни инсталации.

 

 

По извршениот избор на најквалитетниот труд, градските власти планираат да поведат постапка за изработка и поставување на трите инсталации во скопските паркови. Идниот изведувач на избраните решенија ќе има обврска и да ги одржува детските реквизити во рок од една година по извршениот технички прием.