Претходна статија
Во Маџир Маало постепено се гради нова инфраструктура
Следна статија
Понудите биле неприфатливи, Општина Аеродром со нов тендер за реконструкција на фасади

Заврши реконструкцијата на три улици во скопски Буњаковец

Објавено на 07.08.2017 во категорија Вести.

 

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на три улици во населбата Буњаковец. Станува збор за улиците „Апостол Гусларот“, „Борка Талески“ и „Стеван Јакимов Дедов“, кои не биле санирани во изминативе три децении. Локалните власти информираат дека е рехабилитиран коловозот и е поставен нов асфалт на површина од 2.500 метри квадратни. „Ова се три значајни улици, и со ова општина Центар ги заврши отпочнатите активности за обновување и санација на улиците во делот околу основното училиште „Ј.Х. Песталоци“.

 

*Извор на фотографија: Општина Центар

 

Во овој дел од централното градско подрачје, локалните власти во наредниот период ќе треба да ја реконструираат улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до булеварот „Св. Кирил и Методиј“. Општина Центар во изминативе четири години реконструирала вкупно 35 улици во централното градско подрачје.