Претходна статија
Во Кавадарци наскоро ќе стартува зонското паркирање
Следна статија
До есенва ќе биде завршена пешачката патека кон Билјанини извори

Заврши реконструкцијата на градинката „Корчагин“ во Центар

Објавено на 10.08.2017 во категорија Вести.

 

По речиси четири децении од неговото пуштање во употреба, матичниот објект на градинката „Корчагин“ во центарот на Скопје е реконструиран. Заменети се 102 прозорци на објектот лоциран зад Градската болница, а променети се и вратите во градинката. Од Општина Центар посочуваат дека со реконструкцијата на објектот е намалена потрошувачката на електрична енергија од 121,95 Kwh на метар квадратен годишно на само 60 Kwh, со што се спроведени мерките за енергетска ефикасност.

 

*Извор на фотографија: Општина Центар

 

Половина од средствата за реконструкција на објектот ги обезбеди Општина Центар, додека другата половина е од Фондацијата Отворено Општество Македонија. Проектот е реализиран преку граѓанскиот форум организиран од општинските власти и Форумот на заедницата, при што проектот беше избран за реализација од граѓаните и од невладините организации.