Претходна статија
Архитектонски конкурс за нова марина и надградба на градското пристаниште во Охрид
Следна статија
Со кредит ќе се гради топлификацијата во Битола

Започнаа градежните работи за довршување на булеварот „Србија“

Објавено на 23.12.2015 во категорија Вести.

Започнаа градежните работи за реконструкција и надградба на булеварот „Србија“ на потегот од кружниот тек кај цементарницата „Усје“ до улицата Христо Татарчев (поранешна Сава Ковачевиќ) во Кисела Вода. Покрај проширување на постоечката делница, проектот опфаќа и пробивање на нов сегмент во должина од околу 150 метри, со кој булеварот ќе биде целосно комплетиран онака како што е вцртан во урбанистичките планови. На крајот од предвидената траса ќе се изведе кружен тек, на кој покрај булеварот „Србија“ и улицата „Христо Татарчев“, ќе биде поврзана и улицата „Христо Татарчев крак 2“.

 

#

 

 

Сообраќајницата на овој дел ќе добие четири коловозни ленти со ширина од по 3,5 метри, без средишно зеленило. На десната страна од коловозот е планирана пешачко – велосипедска патека со ширина од 3 метри и странично зеленило со ширина од 1,5 метри, додека од левата страна е зацртана пешачка и велосипедска патека со променлива ширина.

 

извор: Град Скопјеизвор: Град Скопјеизвор: Град Скопје

 

 

Долж трасата ќе се реконструираат водоводната и фекалната канализација, а ќе се изведе и ново улично осветлување, со 87 столбови и 102 светилки. Вкупната цена на инфраструктурниот зафат изнесува 98 милиони денари (1,6 милиони евра). Рокот за реализација на проектот е 20 месеци, а изведувач е фирмата „Бауер БГ“ од Скопје.

 

 

» Форумска дискусија за булеварот „Србија“