Претходна статија
Новата филхармонија ќе биде отворена на 21 мај
Следна статија
Нови фасади на седум најоштетени објекти во Аеродром

Започна втората фаза од реконструкцијата на улицата „Питу Гули“ на Водно

Објавено на 03.04.2017 во категорија Вести.

 

Скопската општина Центар ја започна реконструкцијата на вториот дел од улицата „Питу Гули“ во населбата Водно. Со претстојниот зафат ќе се изведе нова водоводна мрежа, ќе се санира асфалтот и ќе се постават нови тротоари со павер елементи во должина од 600 метри. Во проектот е вклучена и изведба на атмосферска канализација. „Оваа улица, иако се наоѓа во елитниот дел на населбата и е една од пофреквентните и позначајните за овој дел на Скопје, досега немаше атмосферска канализација. Водите при секој пообилен дожд се собираа и создаваа проблеми“ информираат од општина Центар.

 


* Извор на фотографија: Општина Центар

 

Градежните работи на терен ги изведува фирмата „Бауер БГ“. Од општинскиот буџет за проектот се издвоени 28,8 милиони денари. Од општина Центар соопштуваат дека по реализација на овој зафат ќе следува обнова и на други улици во населбата Водно. Планирани за реконструкција се улиците „Ганчо Хаџипанзов“, „Димитар Пандилов“, „Капиштец“ и „Караорман“.