Претходна статија
Конкурс за нова спортска сала за КК „Работнички“
Следна статија
ЕЛЕМ со тендер за топлификација на Битола, владата укажува на непослушност

Започна реконструкцијата на булеварот Партизански одреди

Објавено на 17.06.2017 во категорија Вести.

 

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска изврши увид на почетокот на градежните работи од реконструкцијата на булеварот Партизански одреди. Станува збор за санација на коловозот на булеварот на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8 Септември. „Со оваа реконструкција ќе се изврши гребење на постоечкиот и нанесување на два слоја на асфалт на шесте ленти на потег во должина од околу 900 метри“ изјави Трајановски. Рокот на изведба на градежните работи е 90 дена.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

Градежните работи ги изведува фирмата „Бауер БГ“ за сума од 29,2 милиони денари. Овој зафат е втор дел од реконструкцијата на булеварот Партизански одреди. Пред неколку години беше саниран коловозот на потегот од соборниот храм „Св. Климент Охридски“ до крстосницата со улицата Френклин Рузвелт.