Претходна статија
Штипски „Бетон“ го продава „Омега билдинг“
Следна статија
Објавен тендерот за изведувач на нов Луна парк во Скопје

Започна проширувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“

Објавено на 24.04.2016 во категорија Вести.

Градежната механизација на фирмата „Бауер БГ“ денеска започна со активности за реализација на проектот за проширување и реконструкција на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, на сегментот од булеварот „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“. Коловозот на булеварот ќе биде проширен и ќе добие 4 сообраќајни ленти, по две ленти во секоја насока, во должина од 670 метри. Од левата страна (гледано од центарот на градот кон Чаир) ќе се изгради тротоар со ширина од 4 метри, а од десната страна на коловозот ќе се оформи заштитно зеленило со променлива ширина, велосипедска патека со ширина од 2,25 метри и пешачка патека со ширина од 2 метри.

 

извор: Град Скопјеизвор: Град Скопје

 

 

Градежните работи на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се искористат за да се постави нова атмосферска канализација со должина од 280 метри и профил на цевките од 400 милиметри, која ќе се приклучи на постојната атмосферска мрежа. Се планира да се изгради и нова фекална мрежа со должина од 255 метри, како и нова водоводна мрежа со должина од 850 метри. На делот помеѓу булеварот „Џон Кенеди“ и улицата „Ферид Бајрам“ е предвидено ново улично осветлување – на потег од 940 метри ќе се постават 63 столба за улично осветлување високи по 10 метри и 65 светилки со моќност од 250 вати.

 

За градежните работи и за новото улично осветлување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ Градот Скопје инвестира вкупно 43 милиони денари (700 илјади евра). Изведбата се очекува да заврши за околу една година. Во декември минатата година започна и реализацијата на проектот за продолжување на булеварот кон Бутел, на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до после крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“.

 

 

» Форумска дискусија за булеварот Христијан Тодоровски Карпош