Претходна статија
Со натпатник ќе се обезбеди дополнителна патна врска меѓу Бутел и Чаир
Следна статија
Вчерашното невреме ги „покоси“ заборавените објекти на Музејот на Македонија и Чифте амам

Започна изградбата на затворениот градски пазар во Охрид

Објавено на 14.06.2017 во категорија Вести.

 

Струшката градежна фирма „Илинден“ ја започна изградбата на новиот градски пазар во Охрид. Затворениот објект со четири нивоа ќе биде лоциран на местото на досегашниот пазар во центарот на градот. На денешното поставување на камен-темелникот се обрати охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, кој истакна дека проектот е вреден над 239 милиони денари, односно речиси 3,9 милиони евра. „Охрид ќе добие нова административно-деловна зграда, што ќе го подобри лицето на градот и најсовремен зелен пазар кој што ќе ги исполнува сите стандарди за трговија со земјоделски и прехранбени производи“ изјави Бакрачески.

 

* Извор на фотографии: Општина Охрид

 

Новиот објект ќе има површина од 6.779 метри квадратни и ќе биде висок 10,2 метри. Пазарот ќе биде лоциран на приземјето, додека подземниот простор ќе биде наменет за паркирање на 100 возила. Приватниот инвеститор на општинските власти ќе им отстапи 10 паркинг места, 200 метри квадратни деловен простор на вториот кат и самиот градски пазар со површина од 1.230 метри квадратни. Објектот ќе се гради по пат на јавно-приватно партнерство, за кое гласаше охридскиот општински совет во 2015 година.