Претходна статија
Градоначалникот Коце Трајановски си даде отчет за сработеното, но не и за она што не е
Следна статија
Општина Центар ќе гради монтажен паркинг во населбата Дебар Маало

Започна изградбата на спомен паркот на Никола Карев во Свиланово

Објавено на 23.08.2017 во категорија Вести.

 

Започнаа градежните работи за изведба на спомен парк на местото на загинување на револуционерот Никола Карев во месноста Свиланово. За изведувач на проектот е избрана фирмата „Евроградба Инженеринг“ од струмичкото село Владиевци, додека надзорот над работите ќе го врши „Венци Проект“ од Кочани. Спомен обележјето на Никола Карев ќе биде поставено на површина од 460 метри квадратни. Комплексот ќе содржи четири амфитеатрални реда, а во нејзиниот центар ќе биде поставена споменичната плоча. На околниот простор ќе се изведат пешачки патеки и паркинг за седум возила.

Како инвеститор во проектот се јавува Центарот за развој на Источниот плански регион. Во проектот ќе се инвестираат над 5,6 милиони денари. Градежните работи треба да завршат до крајот на оваа година. Тендерската постапка за избор на изведувач за спомен паркот во чест на Никола Карев беше завршена кон средина на јули годинава.