Претходна статија
Жителите на Карпош дадоа поддршка за обнова на салата „Партизан“
Следна статија
Министерството за култура ќе изработи анализа за „Скопје 2014“

Започна изградбата на новото училиште „Димитар Македонски“ во Лисиче

Објавено на 29.07.2017 во категорија Вести.

 

Министерството за образование и наука и Општина Аеродром ја започнаа изградбата на новиот објект за основното училиште „Димитар Македонски“ во скопската населба Лисиче. Во текот на денешниот ден немаше официјална свеченост за започнувањето на проектот, туку само информација од локалните власти. Од општината информираат дека проектот ќе се гради во две фази, а објектот ќе има капацитет да прими 1.000 ученици. Новата училишна зграда би била ставена во функција пред почетокот на наредната учебна 2018/2019 година.

 

 

Надлежното министерство го потпиша договорот за изградба на новиот објект кон крајот на мај годинава. Висината на инвестицијата е 56,3 милиони денари, а градежните работи ќе ги изведува фирмата „Бауер БГ“. Новата училишна зграда ќе се простира на површина од 2.840 метри квадратни и се гради на местото на постојните бараки на ОУ „Димитар Македонски“, кои се донација од француската влада по земјотресот од 1963 година.