Претходна статија
Пионерскиот дом во Куманово ќе се пренамени во детска градинка
Следна статија
Автобускиот превоз во подем во второто тримесечје од 2017 година

„Zaha Hadid Architects“ на почетокот од септември ќе гостува во Скопје

Објавено на 17.08.2017 во категорија Вести.

 

Меѓународниот форум за архитектура и инженерство „Share Skopje 2017“ ќе се одржи на почетокот од септември во хотелот „Мериот“ во Скопје. Бројни познати домашни и меѓународни имиња од професионалната фела ќе учествуваат на настанот што треба да ги зближи членовите на заедницата на архитекти во споделувањето на идеи и инспирација. Форумот ќе се одржи на 5 септември, а своето присуство на настанот веќе го потврдил Маврицио Меоси од прочуеното студио „Zaha Hadid Architects“ од Лондон. На настанот се очекува да учествуваат над 200 архитекти од Македонија, Косово и Албанија.

 

*Хотелот „Мериот“ ќе биде домаќин на Меѓународниот форум за архитектура и инженерство „Share Skopje 2017“

 

Претстојниот настан е во заедничка организација на три главни национални асоцијации на архитекти (Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Асоцијацијата на архитекти на Косово и Албанската асоцијација на архитекти) и преку партнерство со Архитектонската комора на Бугарија. Познатите меѓународни и наградени проекти од областа на архитектурата ќе ги претстават архитекти од девет земји. Од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) информираат дека учеството на членовите на ААМ е бесплатно, но со задолжителна претходна регистрација.