Претходна статија
Пораснала цената на становите во Скопје во вториот квартал
Следна статија
Владата ја поништи постапката за субвенционирање нискобуџетни летови

Забележителен раст на прометот со недвижности во периодот април – јуни

Објавено на 03.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По драстичниот пад на трансакциите во изминативе месеци, Агенцијата за катастар на недвижности најавува позитивно придвижување на пазарот на недвижности во земјава. Во вториот квартал биле впишани 8.304 трансакции во Регистарот на цени и закупнини, што претставува зголемување од 1.309 трансакции во споредба со првите три месеци од 2018 година.

 

 

Во периодот април – јуни 2018 година биле регистрирани 5.690 продажби на недвижности, односно за 1.251 продажба повеќе во однос на почетокот од годинава. Што се однесува до закупите, регистрирани се вкупно 2.614 на број, што претставува раст за 58 трансакции во однос на закупите регистрирани во претходните три месеци.

 

„Споредбено со првиот квартал од 2018 година кога има регистрирано 4.439 трансакции, во вториот квартал од оваа година се бележи раст на бројот на трансакциите за 22%“ се наведува во Кварталниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности.

 

Во делот на закупите на недвижности, дури 77% од закупите се однесуваат на становите и деловните простори понудени на пазарот. Наспроти нив, куќите и градежното земјиште учествуваат на пазарот со закупи со 2%, додека останатите недвижности со 3%.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk