Претходна статија
Преспанското езеро ќе добие нова плажа најдоцна до ноември
Следна статија
Архитектите бараат референдум за зачувување на автентичноста на ГТЦ

За заштитениот дел на Студенчишко блато ќе се изработи архитектонско – урбанистички проект

Објавено на 04.07.2014 во категорија Вести.

Општина Охрид објави Конкурс за изработка на идеен архитектонско – урбанистички проект за заштитениот дел на Студенчишко блато. Македонските архитекти и проектантските бироа се поканети да ги достават своите предлози за натамошниот развој на овој дел од Охрид најдоцна до 8 август. За валоризација на пристигнатите трудови на распишаниот конкурс е формирана тричлена жири – комисија во состав: Никола Точко, Зоран Рафтоски и Бранко Арнаудов. Охридската локална самоуправа ќе додели прва награда на најдоброто идејно решение во висина од 120.000 денари и втора награда на некој од доставените трудови во износ од 30.000 денари.

 

Извор: Општина ОхридСтуденчишкото блато како заштитен споменик на природата подолг временски период е предмет на напад преку изградбата на нови објекти долж самото крајбрежје на Охридското езеро. Растителниот и животинскиот свет во блатото во минатите неколку години сериозно се доведени во опасност. Ова е заклучокот од Интегрираната студија за состојбата на остатокот од Студенчишкото блато. Во документот се истакнува дека вкупната површина на овој заштитен простор во моментов е помала од 25 хектари. Повеќе од 10 хектари се деградирани во изминатата деценија, и тоа околу пет хектари се под шут, четири хектари под „Охридски комуналец“ и 1,5 хектари се уништени со изградбата на објектите на АРМ.