Претходна статија
Распишан тендерот за реконструкција на 8 училишта низ земјава
Следна статија
По неколкугодишно опаѓање, цената на становите лани скокнала за 3,2%

За заштита од свлечишта, косините од автопатот Миладиновци – Штип ќе се пошумуваат

Објавено на 25.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Покрај тоа што треба да се довршат сервисните патишта до населените места околу Свети Николе, на автопатот Миладиновци – Штип треба допрва да се изврши пошумување на косините, кои предизвикуваа големи проблеми и при изведбата на градежните работи на овој проект. Јавното претпријатие за државни патишта го склучи договорот со фирмата „Хорти Дизајн“ од Скопје, која ќе биде задолжена за пошумување на косините долж автопатот во наредните 2 години.

 

*Свлечиштата предизвикуваа големи проблеми при изведбата на автопатот Миладиновци – Штип

 

Со финансиски средства од над 15,5 милиони денари ќе се решава проблемот со нестабилното земјиште, кое многу често предизвикуваше свлечишта и при самата изведба на автопатот Миладиновци – Штип. Токму појавата на ерозија на земјиштето беше една од главните причини што доведе до одолговлекување на целосното завршување на изведбата на автопатската делница долга 47 километри. Во следниот период е планирано да се изградат и патарините на овој автопат, за што ќе треба да се издвојат дополнителни средства од буџетот на ЈП за државни патишта.

 

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов минатата недела изјави дека автопатот Миладиновци – Штип ќе биде пуштен во употреба откога ќе биде комплетирана изведбата на сервисните патишта, со кои ќе се овозможи поврзување на населените места долж автопатот со Свети Николе. Оваа автопатска делница се гради од февруари 2014 година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk