Претходна статија
ФЕЉТОН: Регионалниот план за град Скопје - прв од таков вид во Македонија (7)
Следна статија
Фабрика Карпош АД Скопје со намалена добивка во првите девет месеци

За кинеските автопати и „Траекторија“ ќе има судење во Кривичниот суд

Објавено на 13.11.2017 во категорија Вести.

 

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска потврди дека Кривичниот суд од Скопје го прифатил обвинението „Траекторија“ за изградбата на двата кинески автопати. Поранешниот премиер Никола Груевски, заедно со некогашните владини функционери Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и Љупчо Ѓорѓиевски, ќе седнат на обвинителната клупа за незаконитостите при изборот на изведувач за изградбата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Судските рочишта дополнително ќе бидат закажани од Кривичниот суд во Скопје.

 

 

Како што веќе обелодени СЈО, четирите поранешни функционери со повеќе противзаконски дејствија ги искористиле и пречекориле своите овластувања и му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра. Во меѓувреме, изградбата на автопатските делници не е довршена, а новата влада допрва ќе треба да го склучи договорот за продолжување на рокот за изведба на автопатот Кичево – Охрид. Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, дополнителната цена што ќе треба да ја плати државата ќе се знае до потпишувањето на договорот. Првичните проценки беа дека неговата доградба ќе чини минимум 120 милиони евра.