Претходна статија
Распишан тендер за санација на дел од просториите во Музејот на Македонија
Следна статија
Охрид ќе остане на листата на Светското културно наследство со негова континуирана заштита

Втора фаза од реконструкцијата на улицата „Народни херои“ во Кисела Вода

Објавено на 26.09.2017 во категорија Вести.

 

Градот Скопје потпиша договор за реализација на втората фаза од реконструкцијата на улицата „Народни херои“ во Кисела Вода. Станува збор за санација на коловозот и тротоарите на потегот од крстосницата со улица „Христо Татарчев“ до крстосницата со булевар „Борис Трајковски“. Градежниот зафат ќе чини 6.733.792 денари, а за изведувач е избрана фирмата „Гама градба“ од скопското село Батинци. Рокот за изведба е пет месеци.

 

*Извор на фотографија: Град Скопје

 

Градските власти минатата година ја изведоа првата фаза од санацијата на улицата „Народни херои“, со која беше опфатен сегментот од крстосницата со улицата „Димо Хаџи Димов“ до крстосницата со улицата „Христо Татарчев“, во должина од 416 метри. Во градежните работи тогаш беа вложени 11 милиони денари.