Претходна статија
Почна обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец
Следна статија
Град Скопје упорен во намерата да изгради 20 „барокни“ сендвичарници

Втор обид за избор на идејно решение за катната гаража во Охрид

Објавено на 13.07.2016 во категорија Вести.

Пропадна Конкурсот за избор на архитектонски труд според кој ќе се гради новата катна гаража во центарот на Охрид. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) денеска го објави вториот по ред повик до домашните и странски архитекти за доставување на идејни решенија за изградба на објектот, кој ќе биде лоциран до Центарот за култура во Охрид. Изработените авторски трудови треба да се достават до државната енергетска компанија најдоцна до 12 септември. Најуспешниот архитектонски труд ќе биде избран од тричлена жири-комисијата, во состав: Миле Славковски, Снежана Галовска и Звонко Кушоски.

 

 

 

Прворангираниот труд ќе се стекне со награда од 200.000 денари, втората награда е во вредност од 100.000 денари, додека добитникот на третата награда ќе се стекне со 50.000 денари. Првичната информација за изградбата на новата катна гаража во Охрид ја објави тамошниот градоначалник Никола Бакрачески во февруари 2016 година. Издигнувањето на објектот, кој треба да го реши проблемот со недостиг на паркинг-места во центарот на Охрид, треба да започне во 2017 година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk