Претходна статија
Летањето дронови за откривање на загадувачите во Скопје ќе почека нов тендер
Следна статија
Прилеп во следните 12 месеци ќе ги изработи проектите за гасификација

Воздухопловниот превоз со повеќе патници, железницата со поголем обем на товарен превоз во 2018 година

Објавено на 05.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Друмскиот превоз и во 2018 година бележи забрзан развој на сметка на останатите видови транспорт. Само во последниот квартал од 2018 година, бројот на патници во патниот превоз се зголемил за 12,4%, а количеството на превезена стока во товарниот патен транспорт нараснало за 21,7% во однос на идентичниот период од претходната година. Притоа, со автобуси лани во меѓународниот и домашниот патен сообраќај биле превезени 8.516.000 патници, додека обемот на транспортираната стока со камиони изнесувал 69.139.000 тони.

 

 

Железницата лани забележала подобри резултати во работењето, иако споро се опоравува од неодамнешниот огромен пад на товарниот и патничкиот сообраќај. Во 2018 година со воз патувале околу 541.000 патници, што е за 40.000 повеќе во однос на 2017 година. Зголемен обем на работа е регистриран и кај товарниот сообраќај, кој во 2018 година транспортирал 1.668.000 тони стока.

 

Во воздухопловниот превоз лани биле регистрирани 2.334.558 патници од двата македонски аеродрома. Само во последниот квартал од 2018 година е забележан раст од 8,7% во споредба со четвртиот квартал од претходната година. Воедно, статистичарите пресметале дека градско – приградскиот превоз во изминатите 12 месеци го користеле 71.410.000 патници, при што во последните три месеци од 2018 година е забележан раст на бројката на превезени патници од 1,4%.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk