Претходна статија
УНЕСКО нема да го избрише Охрид од листата на заштитени градови, но врши проверка
Следна статија
Обновена четвртата фасада од старата градска архитектура во Штип

Во завршна фаза е реконструкцијата на улица „Алија Авдовиќ“

Објавено на 13.04.2017 во категорија Вести.

 

Градежните екипи на фирмата „Бауер БГ“ ја привршуваат реконструкцијата на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопската населба Синѓелиќ. Станува збор за сегментот од крстосницата со улицата „Антон Попов“ до црквата во Синѓелиќ во должина од 550 метри. „Изминатиов период општина Гази Баба ја реконструира делницата на улицата „Алија Авдовиќ“ во делот меѓу населените места Синѓелиќ и Стајковци, во должина од околу 1,7 километри, додека оваа фаза ја реконструира Градот Скопје“ изјави скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Тој, заедно со градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски, денеска извршија увид во градежните работи.

 

 

*И звор на фотографија: Град Скопје

 

Покрај поставување на нов асфалт, долж целата траса се изведува и тротоар. На улицата „Алија Авдовиќ“ е поставена и нова атмосферска и водоводна мрежа. Градот Скопје за овој зафат има издвоено 8 милиони денари, додека останатите средства се обезбедени од општина Гази Баба. „Оваа улица е од голема важност, бидејќи ова е главна сообраќајница која ја користат жителите на овој дел од општина Гази Баба, како што се населените места Синѓелиќ, Стајковци, Страчинци, Булачани, Црешево, Виниче, Смилковци и Раштак“ истакна градоначалникот Трајановски.