Претходна статија
Заврши проектот за реконструкција на канализационата мрежа во Куманово
Следна статија
ЕЛЕМ планира да гради нова ветерна електрана кај гевгелиското село Миравци

Во Велес ќе се изработува нов Генерален урбанистички план

Објавено на 09.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Велес денеска го распиша огласот за избор на проектанско биро за изработка и ревизија на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) за Велес, со предвидена површина од 1.600 хектари. Од општинскиот буџет за оваа намена е проценето дека ќе се издвојат околу 2,3 милиони денари. Најповолниот понудувач ќе има временски период од една година за да го изготви идниот ГУП. Главен критериум за доделување на договорот е понудената најниска цена. Заинтересираните фирми имаат рок до 1 март за да ги достават своите понуди за учество во тендерската постапка.

 

 

Последниот ГУП за Велес бил изработен во 2006 година, но неговата важност истекува во 2018 година. Во изминативе неколку години се изнесоа низа на негативни забелешки за постојните решенија што ги нудеше досегашната урбанистичка документација. Воедно, изработката на ГУП за Велес претставува еден од најинтересните предизвици за урбанистичката фела во земјава. Самото градско подрачје лежи на железнички јазол низ кој минуваат пругите Велес – Кочани, Велес – Битола и Табановце – Гевгелија, со што се појавуваат сериозни потешкотии при изработката на документацијата, но и занимливи предлози од самите урбанисти во насока на натамошен развој на градот.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk