Претходна статија
„Ескаватори“ ќе ја доврши реконструкцијата на главната улица во Сарај
Следна статија
Навлегува ли политика и во одржувањето на Супер купот на УЕФА во Скопје?

Во пораст такси превозот во земјава

Објавено на 11.05.2017 во категорија Вести.

 

Македонските таксисти во 2016 година превезле вкупно 27.621.000 патници, од кои 23.761.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се транспортирани 3.860.000 патници. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека такси превозот во земјава е организиран од 2.172 патнички автомобили. Ваквите информации потврдуваат дека транспортот со такси возила минатата година доживеал нагорен раст. Бројот на патници е зголемен за речиси два милиони патника во споредба со 2015 година, додека бројката на такси возила е намалена од претходно вклучените 2.414 автомобили во сообраќај.

 

 

Лани такси возилата оствариле вкупно 61.817.000 километри, од кои 51.759.000 се во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот транспорт се остварени 10.058.000 километри. Врз основа на ваквите податоци, може да се каже дека такси превозот лани бил второто најупотребувано превозно средство за транспорт меѓу градовите, веднаш по автобускиот превоз.