Претходна статија
Втор повик за изработка на проектни решенија за санација на македонските чаршии
Следна статија
ФЕЉТОН: Од Станислав Јанковски до Станислав Фурман - различни генерации со славно минато го оформиле полскиот тим за Скопје (5)

Во новата населба Хиподром 2 ќе се гради водовод и канализација

Објавено на 20.10.2017 во категорија Вести.

 

Општина Гази Баба потпиша договор за изградба на водоводна и канализациона мрежа во новата скопска населба Хиподром 2. Градежните работи ќе ги врши велешката фирма „Изгрев Инжењеринг“ во наредните 12 месеци, за што ќе и бидат исплатени 10.444.098 денари. Во насока на спроведување на овој проект беше објавен тендер кон крајот на август годинава.

 

 

Претстојниот зафат ќе претставува продолжение на изведената инфраструктура во оваа нова населба. Општинските власти лани работеа на изградба на примарната водоводна мрежа во должина од 800 метри, атмосферската канализација во должина од 1,2 километри и фекалната канализација од околу 1 километар. Главната цел на локалната самоуправа е да се овозможат сите предуслови за нормален живот на идните жители од населбата Хиподром 2. Урбанистичката документација за овој дел од Скопје предвидува изградба на 300 нови куќи за индивидуално домување и 12 станбени згради за колективно домување.