Претходна статија
„Бауер БГ“ ќе го гради новото училиште во населбата Лисиче
Следна статија
Одложена изградбата на првата катна гаража во Охрид

Во Македонија лани биле регистрирани 1.037 дивоградби

Објавено на 08.06.2017 во категорија Вести.

 

И во 2016 година во нашата земја продолжила бесправната изградба на објекти без издадено одобрение за градење. Државниот завод за статистика во годишниот извештај пресметал дека лани биле регистрирани 1.037 дивоградби низ целата земја. Според видот на објектот, бесправно се изградени 203 објекти за домување (19,6%), 174 доградби, надградби и адаптации (16,8%), 111 деловни објекти (10,7%), 107 гаражи (10,3%), 168 огради (16,2%), 8 скалила (0,8%), 26 тераси (2,5%), 10 летни тераси (1%), 87 настрешници (8,4%), 36 времени објекти (3,5%) и 107 помошни објекти (10,3%).

 

 

Како и во претходните години, останува забележлив фактот дека самата држава е сопственик на 10 бесправно изградени објекти, меѓу кои се и четири деловни објекти. Статистичарите пресметале дека најмногу дивоградби во 2016 година биле регистрирани во Скопскиот регион. На ниво на општините во внатрешноста на земјава, најревносни во евиденцијата на бесправно изградените објекти се општините Охрид и Штип, каде се регистрирани 99, односно 83 дивоградби во текот на 2016 година. Од Државниот завод за статистика информираат дека најголем дел од објектите без валидна градежна дозвола се изградени од приватни инвеститори.