Претходна статија
Продолжува реконструкцијата на улици оштетени во ланските поплави
Следна статија
Заврши реконструкцијата на три улици во скопски Буњаковец

Во Маџир Маало постепено се гради нова инфраструктура

Објавено на 07.08.2017 во категорија Вести.

 

Населбата Маџир Маало етапно ќе ја добива неопходната инфраструктура за нејзин натамошен развој. Општина Центар денеска потпиша договор за изградба на фекален колектор, фекална и атмосферска канализација и реконструкција на коловозот и тротоарите на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“. Улицата ќе се реконструира во должина од 240 метри, а притоа ќе се изведе и целокупната подземна инфраструктура. Заедно со фекалната канализација, изведбата на атмосферска канализација е дел од поширокиот проект што ќе ги опфати и улиците „Велешка“ и „Петричка“.

 

 

Градежните работи ќе ги изведува фирмата „Вардарградба“ од Скопје. За проектот од општинскиот буџет се обезбедени финансии во износ од 43.668.490 денари. Заедно со реконструкцијата на улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“, во наредниот период ќе треба да се гради и фекална мрежа на улицата „Владимир Комаров“ во населбата Аеродром. На потегот околу Транспортниот центар не е изградена во целост подземната инфраструктура, со што во значителна мерка се отежнува натамошниот развој на овој дел од центарот на Скопје.