Претходна статија
Уште пет фасади на станбени згради ќе се реконструираат во Карпош
Следна статија
Заврши реконструкцијата на градинката „Корчагин“ во Центар

Во Кавадарци наскоро ќе стартува зонското паркирање

Објавено на 09.08.2017 во категорија Вести.

 

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов денеска најави дека зонското паркирање во градот наскоро ќе започне да функционира. Од СВР Велес се чека на оценка за доставениот проект во однос на тоа дали на улицата „Илинденска“ е дозволено да се паркира. Општинскиот совет во текот на минатиот месец ја усвои одлуката за склучување на јавно-приватно партнерство за воведување на зонското паркирање во градот. Вредноста на концесискиот договор се проценува на околу 270 илјади евра. Зонското паркирање во градот ќе се подели на три зони, а најскапа цена за паркирање од час ќе има во централното градско подрачје.

 

 

Од општината очекуваат дека со вклучувањето на главната централна улица во зонското паркирање ќе се реши сообраќајниот метеж во Кавадарци. Модуларниот паркинг изграден пред три години е веќе подготвен за зонското паркирање, а во наредниот период останува да се обележи хоризонталната и вертикалната сигнализација на улиците. Општина Кавадарци очекува дека приватниот концесионер ќе уплаќа во буџетската каса околу 70.000 евра годишно.