Претходна статија
Монтирање на Летна Читална - еднодневна работилница во Прилеп
Следна статија
Предавање „Пејсажна архитектура меѓу пракса и академија“ на Архитектонскиот факултет

Во Јурумлери ќе се гради фекална канализација

Објавено на 06.11.2017 во категорија Вести.

 

Општина Гази Баба потпиша договор за изградба на вакуумска фекална канализација во скопската населба Јурумлери. Ова населено место е едно од десетината населби од периферијата на Скопје во кои досега не била изградена канализациона мрежа. За изведба на фекалната канализација се издвоени финансиски средства од 18.780.616 денари од општинскиот буџет на Гази Баба, а за изведувач на градежните работи е избрана фирмата „ЕХИ ДООЕЛ“ од Скопје. Рокот за завршување на зафатот е 12 месеци.

 

Изградбата на канализациона мрежа во населбата Јурумлери е дел од проектот за решавање на проблемот со отпадните води во три населени места од источните делови на Скопје. Заедно со Јурумлери, во проектот се вклучени и населбите Гоце Делчев и Трубарево со вкупна бројка на население од 12.000 жители. Кон крајот на септември беше распишан и тендерот за изведба на фекална канализација во населбата Гоце Делчев. Инфраструктурниот зафат за овие три населби се најавуваше четири години наназад од претходната власт, а тогашната вредност на проектот се проценуваше на 50 милиони денари.