Претходна статија
Општина Карпош предизборно ќе изведува енергетски фасади за девет објекти
Следна статија
Започна изградбата на нова градинка во Бардовци

Во Арачиново ќе се гради фекална канализација

Објавено на 14.09.2017 во категорија Вести.

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска потпиша договор за изградба на фекална канализација во скопското село Арачиново. Со проектот се предвидува изградба на примарна канализациона мрежа од седум основни и пет помошни краци со должина од 3.030 метри. Надлежното министерство ќе ја реализира изградбата на четвртиот и на седмиот крак.

 

За изградба на фекалната канализација во ова село од Општина Арачиново се обезбедени финансиски средства од околу 35 милиони денари. За изведувач на градежните работи е избрана фирмата „ЈУ-БАЈ“ од Скопје која има рок од 16 месеци за завршување на целиот зафат. Тендерот за реализација на овој проект беше распишан кон крајот на јули годинава.