Претходна статија
Понудите биле неприфатливи, Општина Аеродром со нов тендер за реконструкција на фасади
Следна статија
Трета среќа за изградба на голф терени во Зелениково

Владата ќе ги реконструира објектите на 13 основни училишта низ земјава

Објавено на 07.08.2017 во категорија Вести.

 

Министерството за образование бара изведувач за рехабитација на објектите на 13 основни училишта во неколку општини. Се проценува дека проектот ќе чини околу 90 милиони денари, а истиот ќе се реализира во текот на наредните 12 месеци. Реконструктивен зафат ќе се спроведе во училиштата „Браќа Миладиновци“ од Пробиштип, „Тошо Арсов“ од Штип, „Бајрам Шабани“ од Куманово, „Крсте П.Мисирков“ од Оризари, „Лазо Ангеловски“ од Скопје, „Васил Главинов“ од Скопје, „Бајрам Шабани“ од Кондово, „Перпарими“ од Чегране, „Панајот Гиновски“ од Скопје, „Наум Наумовски Борче“ од Скопје, „Кузман Шапкарев“ од Скопје, „Никола Карев“ од Пробиштип и „Јероним Де Рада“ од Черкезе.

 

 

Тендерската постапка е поделена на три дела, за која се бараат соодветни изведувачи на градежните работи. Понудите од заинтересираните субјекти треба да се достават до надлежното министерство најдоцна до 4 септември. По изборот на компаниите, на терен е предвидено да отпочнат градежните работи. Финансиските средства за реконструкција на објектите на овие 13 училишта ќе бидат обезбедени од државниот буџет.