Претходна статија
Се изведуваат енергетски ефикасни фасади на зградите во Куманово
Следна статија
Ќе почекаме за реконструкција на Кејот „13 Ноември“ во Скопје

Високоградбата останува примарен двигател на градежниот сектор во земјава

Објавено на 28.06.2017 во категорија Вести.

 

Во изминативе три години најмногу одобренија за градење биле издадени за објекти од високоградба, при што вредноста на нивната реализација имала најголем удел во градежништвото. Вкупно 61,5% од издадените градежни дозволи во 2016 година се однесувале на објекти од високоградба, а нивното учество е 70,5% од вкупната вредност на сите планирани објекти. Вредноста на одобренијата за градење кај објектите од нискоградба лани изнесувала 21,7%.

 

Во публикацијата „Македонија во бројки 2017“ се наведува дека транспортната инфраструктура лани имала најголемо учество во извршените градежни работи кај објектите во јавниот сектор. Дури 46,2% од извршените работи на деловните субјекти се однесуваат на транспортната инфраструктура, а дури потоа следуваат нестанбените згради и градежните работи за реконструкција, санација, адаптација, големи поправки и редовно одржување на објектите. За разлика од ланската состојба, транспортната инфраструктура во 2011 година имала учество од само 19,9% во вкупната вредност на извршените градежни работи во објектите во јавниот сектор.