Претходна статија
„Гранит“ со добивка од 12,6 милиони денари во првиот квартал од 2017 година
Следна статија
Субвенции за велосипеди без проценка за тоа колку ќе се користат

Велосипедската патека на Вардар се продолжува кон Горно Лисиче

Објавено на 15.05.2017 во категорија Вести.

 

Градот Скопје и ЈП „Улици и патишта“ ја асфалтираат ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар кон Горно Лисиче. Станува збор за десната страна на патеката, на потегот од големиот парк на булеварот Февруарски поход во населбата Ново Лисиче до железниот мост во Горно Лисиче. Оваа ролерско-велосипедска патека е со должина од 2.000 метри и со ширина од 4 метри. На терен е направен ископ, нанесен е тампонски слој и рабници, а потоа е поставен и асфалтен слој.

 

 

Тековниот градежен зафат е продолжение на патеката што се протегаше од мостот „Тодор Александров“ до паркот на булеварот Февруарски поход. Од Градот Скопје информираат дека овој проект е дел од проектот „Скопје Велоград 2017“. Во Скопје во изминатиов период се изградени и реконструирани велосипедски патеки во должина од 18 километри, а изградени се и ролерско-велосипедски патеки од двете страни на кејот на реката Вардар.