Претходна статија
Автопатот Кичево - Охрид ќе чини дополнителни 120 милиони евра
Следна статија
Општина Центар реконструира две градинки и го доградува ОУ „Гоце Делчев“

Валандовскиот совет одлучи да се организира референдум за Казандол

Објавено на 03.07.2017 во категорија Вести.

 

По двомесечни натегања меѓу советниците и граѓаните, Советот на општина Валандово денеска ја изгласа одлуката за одржување на референдум околу изградбата на рудници во Валандовскиот регион. На гласањето не присуствува советниците на ВМРО-ДПМНЕ, а донесувањето на одлуката беше поддржано од опозициските советници и од еден присутен советник на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката е донесена по доставените потписи од иницијативата „Спас за Валандово“, која успеа да ги собере неопходните потписи од 20% од гласачите во Валандово за да се одржи бараниот референдум.

 

Претседалката на Советот на општина Валандово не присуствуваше на седницата и од прес-конференција појасни дека општинскиот совет не е надлежен за распишување на референдумот. Врз основа на законската постапка, референдумот би требало да се одржи на почетокот од август. Сепак, конечниот датум ќе зависи од тоа дали градоначалникот на Валандово ќе ја потпише одлуката на општинскиот совет и кога ќе ја објави истата. Од граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ во неколку наврати најавија организирање на масовни протести ако не се одржи бараното референдумско изјаснување. Нивното главно барање е да се отфрли проектот за изградба на рудникот за катоден бакар во Казандол.