Претходна статија
Реакции за донесениот ДУП во Аеродром, опозицијата предупредува на нови предлози
Следна статија
СДСМ со нови наводи за плацот кај „Мајчин дом“, „Орка холдинг“ демантира

Уште еден неуспешен тендер за изградба на театарот „Центар“

Објавено на 10.04.2017 во категорија Вести.

Министерството за култура и во најновиот обид не успеа да пронајде инвеститор за изградба на нова театарска зграда на местото на Театар „Комедија“. За атрактивната парцела во центарот на Скопје не била заинтересирана ниту една компанија, по што министерството се одлучило да го поништи повикот за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на новиот објект. Во меѓувреме, изградбата на идното театарско здание се провлекува како ветување на досегашната влада веќе неколку години наназад, но ништо не е реализирано од кажаното.

 

 

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска пред неколку недели посочи дека нема да објават нов јавен повик за пронаоѓање на приватен партнер за овој проект. Во случај на неуспешна постапка, таа нагласи дека проектантската фирма до крајот на 2017 година ќе го доработи веќе изготвениот основен проект. Наместо зграда со приземје и 10 ката, идната градба би имала простории единствено за театарската установа, со што е неопходно да се направат промени во проектната документација. Најновото ветување е дека изградбата на новиот театар „Центар“ ќе почне во 2018 година.