Претходна статија
На 27 ноември ќе се одржи семинар „Скопје наспроти предизвиците на животната средина“
Следна статија
До Нова Година ќе затруби возот од Битола кон Лерин

Цената на становите во Скопје растела во континуитет целата 2018 година

Објавено на 21.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Трет последователен квартал по ред, цената на становите во главниот град расте. Податоците на Народната банка (НБРМ) покажуваат дека вредноста на овој вид недвижности во периодот јули – септември 2018 година достигнала минимален годишен раст од 0,1%. Ова е минимално зголемување во споредба со забележаните 5,3% во вториот квартал, но сосема доволно за да се заклучи дека цената на становите во Скопје расте во текот на целата 2018 година. Покрај зголемувањето од страната на понудата на нови станови, во најновиот Квартален извештај се наведува дека расте и побарувачката за овие недвижности.

 

 

„Во однос на побарувачката, и во третиот квартал на 2018 година продолжи солидниот раст на станбените кредити“ се наведува во објавениот документ. Како што појаснуваат од НБРМ, позитивни поместувања се бележат и кај вредноста на издадените одобренија за градење на станбени згради по подолгиот период на намалување на нивната бројка.

 

Цената на живеалиштата во главниот град е мерена преку хедоничкиот индекс на цените на становите, кој од страна на НБРМ се изготвува врз основа на огласите за продажба на станови во главниот град што се објавени од агенциите за промет на недвижности.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk