Претходна статија
Нови реконструктивни зафати на патниот Коридор 10
Следна статија
Топ три совети за реновирање на вашиот дом

Цената на становите во Скопје продолжила да опаѓа на крајот на 2016 година

Објавено на 06.03.2017 во категорија Вести.

 

Ново намалување на цената на становите во Скопје на крајот од 2016 година. Кварталниот извештај на Народната банка (НБРМ) регистрирал продолжување на трендот на опаѓање на вредноста на станбената површина во главниот град. Па така, индексот на цените на годишна основа е понизок за 0,9% и е поизразен од претходно регистрираниот пад од 0,2% во третиот квартал од 2016 година. Од централната банка сметаат дека ваквото придвижување е во согласност со надолното приспособување на цените на становите во Скопје и во остатокот од земјава. Во исто време, во четвртиот квартал немало промени во поглед на состојбата со понуда и побарувачка на овој вид недвижности.

 

 

Од Народната банка забележале двоцифрена стапка на раст кај изградбата на станбени згради во Скопје, но и забавување на растот кај податоците за издадени одобренија за градење на вакви објекти. Просечната годишна стапка на раст на изведбата на станбени згради во првите три квартала од 2016 година изнесувала 26,4%. „Во поглед на побарувачката на станови, солидниот раст на станбените кредити продолжи и во четвртиот квартал на 2016 година, што упатува на натамошно зајакнување на побарувачката“ се наведува во Кварталниот извештај.

 

Податоците на Народната банка се изготвуваат врз основа хедоничкиот индекс на цените на становите, заснован на огласите за продажба на станови во Скопје објавени од агенциите за промет со недвижности.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk