Претходна статија
Крупни инфраструктурни проекти во предложената Програма за работа на СДСМ
Следна статија
ОСВРТ: Архитектонската фела се прости од доајенот Славко Брезоски

Цената на становите во Македонија во 2016 година опаднала за 6,5%

Објавено на 10.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По годишните пресметки на цената на становите од Народната банка и од Агенцијата за катастар на недвижности, денеска со свој извештај за опаѓањето на цената на становите во Македонија излегоа и од Државниот завод за статистика. Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во 2016 година изнесувала 43.091 денари, што е за 6,5% помалку во однос на 2015 година. Вредноста на овој вид недвижности опаднала во главниот град, но и во помалите градски средини. „Во Скопје, просечната цена на 1м2 изнесуваше 50.829 денари што е за 3,9% помалку во споредба со 2015 година, додека во останатите населени места во државата таа изнесуваше 32.721 денари, што е за 1,6% помалку во споредба со 2015 година“ се наведува во извештајот.

 

 

Наведените цени на становите во главниот и во останатите градови се пресметани без вкалкулиран данок на додадена вредност. Во однос на второто полугодие од 2016 година, просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во земјава опаднала за 5,9% во однос на првите шест месеци, додека во Скопје намалувањето изнесувало 3,8%. Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на становите е во константен пад во изминатите две години.

 

Пред само неколку дена, и Народната банка на Македонија (НБРМ) во својот Квартален извештај забележа годишно намалување од 0,9% на индексот на цената на становите во Скопје измерено за крајот на 2016 година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk