Претходна статија
Од јуни кумановчани ќе можат да го користат затворениот и отворениот базен
Следна статија
Се гради втора „Боемска улица“ во Дебар Маало

Цело Скопје со „барокни“ сендвичарници

Објавено на 09.04.2016 во категорија Вести.

Градот Скопје деновиве понуди 20 нови локации низ главниот град за поставување на „барокни“ сендвичарници. Трафиките со антички столбови во стилот на владиниот проект „Скопје 2014“, обоени во златна боја, ќе се користат за подготовка и послужување на храна. Градските власти на оглас ја нудат можноста за закуп на ваков тип на објекти во период од 15 години. Идните приватни инвеститори во „барокот“ ќе се изберат по пат на електронско јавно наддавање. Почетната цена за закуп на една трафика е 15 денари за метар квадратен.

 

 

 

„Барокните“ сендвичарници ќе мора да се изведат според избраното идејно решение на авторот Жарко Чаушевски. Овој архитект беше пронајден од Министерството за транспорт и врски, кое во 2013 година во неколку наврати објави оглас за понуда на локации за подигање на ваков тип објекти. Според постоечката состојба во урбанистичкиот план „Мал Ринг“, само во централното градско подрачје се предвидени 20 локации на кои треба да никне овој владин „барок“. Во изминативе три години беа изведени неколку слични монтажно-демонтажни објекти, но ниту еден од нив не проработе до денешен ден.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk