Претходна статија
Цената на новиот Археолошки музеј порасна за уште 710 илјади евра
Следна статија
Лани се регистрирани 1.275 нови дивоградби

Трговскиот центар „РЕМ“ во Тетово отворен за посетителите

Објавено на 18.06.2014 во категорија Вести.

Денеска беше свечено отворен новиот трговски центар „РЕМ“, дел од истоимениот повеќенаменски комплекс во Тетово [»мапа]. На површина од 12.000 метри квадратни, меѓудругите ќе бидат присутни супермаркетот „Carrefour“, италијанскиот моден ланец „Gruppo Fiori“ и продавницата за канцелариска опрема „Office Plus“, а се најавуваат околу 250 вработувања. Инвеститорите очекуваат голема посетеност на новиот трговски центар, кој е лоциран на само 700 метри од центарот на Тетово.

 

* извор: Влада на РМ

 

 

Комплексот „РЕМ Центар“ ќе се простира на вкупно 60.000 метри квадратни изградена површина и ќе има и хотел со пет ѕвезди на 12 ката, со панорамски ресторан на последниот кат од хотелот, 146 станови и 400 паркинг места за станарите и посетителите. Вкупната инвестиција во целиот комплекс изнесува 40 милиони евра, а инвеститори се компаниите „Ренова“ од Џепчиште и „Електрометал“ од Тетово. Сопствениците на „Ренова“, семејството Идризи, најавуваат дека за кратко време во употреба ќе бидат пуштени и хотелот и станбените единици. На денешната свеченост присуствуваа и вицепремиерот Владимир Пешевски, министри од Владата и лидерот на политичката партија ДУИ Али Ахмети.

 

* извор: Влада на РМ

 

 

Пред нецели два месеци, во Тетово беше отворен уште еден голем трговски центар – „Палма Мол“, лоциран на влезот на градот од страната на Скопје. „Палма Мол“ се простира на бруто изградена површина од 32.000 метри квадратни и има вкупно 90 локали.

 

 

» Форумска дискусија за „РЕМ Центар“