Претходна статија
Општина Центар со 7 милиони денари ќе го одржува уличното осветлување
Следна статија
Подготвена документацијата за изградба на четири регионални депонии

„Тетрактис“ со Гран-при награда на архитектонски фестивал во Минск

Објавено на 14.11.2017 во категорија Вести.

 

Архитектонското студио „Тетрактис“ ја освои Гранд-при наградата во категоријата проекти на 12-тиот Национален архитектонски фестивал што се одржа од 9 до 11 ноември во белорускиот главен град Минск. Наградата беше доделена во категоријата „Пејзажна архитектура, урбан дизајн, монументална уметност и скулптурална архитектура“ за проектот „Конзервација, реконструкција и адаптација на црквата ‘Св. Никола’ во Маврово“. Овој настан беше организиран од Белоруската Унија на Архитекти.

 

 

Автори на проектот се Соња Милачиќ, Ана Наумова и Анета Николова, под менторство на Кристијан Јорданов. Архитектонското решение беше претставено пред македонската јавност во 2014 година. Основната идеја на авторите на проектот е да се зачува и заживее ова архитектонско здание преку изградба на заштитни ѕидови околу црквата. Заедно со заштитата од езерската вода, архитектите предвиделе тунел со кој би се споила црквата со брегот на Мавровското езеро. Самиот објект ја претставува традиционалната македонска архитектура од деветнаесеттиот век и претставува еден од архитектонските симболи на Маврово.