Претходна статија
Владата го поништи архитектонскиот Конкурс за студентскиот дом „Тодор Александров“
Следна статија
По пет години чекање, се придвижи проектот за подобрување на водоснабдителниот систем во Гостивар

Тендер за втората фаза од реконструкцијата на водоводот во Ресен

Објавено на 06.10.2017 во категорија Вести.

 

Министерството за транспорт и врски денеска го објави тендерот за избор на градежна фирма што ќе ја изведува втората фаза од реконструкцијата и доградбата на водоводот во Ресен. Станува збор за проект со кој целосно ќе се обнови водоводната мрежа во овој град. Проценетата вредност на проектот е околу 21,6 милиони денари. Договорот со идниот изведувач на градежните работи ќе се склучи за период од седум месеци. Заинтересирани фирми од градежниот сектор имаат рок до 30 октомври за да ги достават своите понуди за учество на тендерот до Министерството за транспорт и врски.

 

Проектот за обнова на водоводната мрежа во Ресен е започнат на почетокот од 2016 година, но не е довршен до денешен ден. Со првата фаза од проектот беше опфатена подземната мрежа на улицата „Наум Веслиевски“. Во зафатот тогаш се инвестираа над 600.000 евра, со кои беше предвидено да се заменат азбестните водоводни цевки во должина од осум километри.