Претходна статија
Чистењето на коритото на Вардар од „Скопје 2014“ ќе чини 23,6 милиони денари
Следна статија
Втората фаза од плоштадот „Скендербег“ поскапе за дополнителни 300.000 евра

Тендер за изградба на Спомен парк во чест на Никола Карев

Објавено на 05.05.2017 во категорија Вести.

 

Центарот за развој на Источниот плански регион денеска распиша тендер за избор на изведувач на работите за изградба на Спомен парк во чест на Никола Карев на местото на неговото загинување во месноста Свиланово. Споменичното обележје ќе се простира на површина од 1.500 метри квадратни. Проектот е проценето дека ќе чини околу 5,7 милиони денари. Градежните работи треба да се изведат во временски период од четири месеци. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди најдоцна до 26 мај, за кога е закажано и нивното јавно отворање.

 

 

Спомен паркот во чест на Никола Карев ќе се гради на локацијата каде што овој револуционер загинал на 27 април 1905 година. Трајното обележје е предвидено да се изгради преку заедничка соработка на општините Кочани, Чешиново-Облешево и Пробиштип. Постојните очекувања се дека спомен обележјето ќе биде отворено до крајот на 2017 година.