Претходна статија
Втората фаза од плоштадот „Скендербег“ поскапе за дополнителни 300.000 евра
Следна статија
Во Валандово се собираат потписи за референдум против рудникот Казандол

Тендер за изградба на долгонајавуваното училиште во Визбегово

Објавено на 08.05.2017 во категорија Вести.

 

Министерството за образование и наука денеска го објави огласот за пронаоѓање изведувач што ќе го гради новото основно училиште во скопско Визбегово. Проектот ќе се гради на земјиште со површина од околу 13.000 метри квадратни и треба трајно да го реши проблемот со следењето на наставата на над 500 ученици од ова населено место. Од надлежното министерство пресметале дека изградбата би чинела околу 75 милиони денари, кои треба да бидат обезбедени од државниот буџет.

 

 

Градежните работи за изведба на новиот училишен објект би започнале во текот на наредните месеци. Министерството најпрво треба да го избере најповолниот изведувач, за што е оставен рок до 30 мај за доставување на понуди од заинтересираните компании. Основното училиште во Визбегово требаше да биде изградено уште пред две години, но целокупниот проект во изминатиов период остана заглавен на релација меѓу скопската општина Бутел и Министерството за образование и наука. Во меѓувреме, учениците од Визбегово секојдневно патуваат по неколку километри за да следат настава во некоја од скопските населби.