Претходна статија
Македонските аеродроми конечно дел од сајтот на ТАВ
Следна статија
Напредува изградбата на населбата Соравиа Ресорт

Свечено ставен во функција новиот кеј во Кавадарци

Објавено на 04.05.2010 во категорија Вести.

Во присуство на амбасадорот на Европската Унија во Македонија Ерван Фуере, министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи и градоначалникот Александар Панов, денес во Кавадарци беше пуштен во употреба реконструираниот кеј на реката Луда Мара во должина од околу 2 километри. Со овој проект покрај средување и облагородување на просторот се изврши и регулација на коритото на реката чии води неретко знаат значително да надојдат. Изградбата ја помогна Европската Унија со 250 илјади евра, пари кои општината ги доби како награда за најдобар проект, додека локалната самоуправа учествуваше во финансирањето со 40 илјади евра.


Главен изведувач беше гостиварската фирма Имако, а во изградбата и поставувањето на урбаната опрама учествуваа и локални фирми, меѓу кои и Метал-инвест која со своја механизација бесплатно изврши голем дел од земјените  работи. Се најавува скоро довршување и на преостанатите 1.309 метри низводно од мостот Белка, со пари од Фондот за води во висина од 65 илјади евра. По завршување на работите ќе биде воведен видео надзор и бесплатен безжичен интернет, како и разни забавни содржини за младите.




Форумска дискусија за овој проект » овде