Претходна статија
Отворен музејскиот културен центар „Лапидариум“ во Охрид
Следна статија
Пропаѓа „Македониумот“ во Крушево, обновата доцни

Свечено отворени градските базени во Куманово

Објавено на 02.08.2016 во категорија Вести.

По повод прославувањето на државниот празник 2-ри Август Илинден, Општина Куманово сношти ги пушти во употреба затворениот и отворениот градски базен. Свеченото отворање на објектот го означи кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски, во присуство на претседателот на СДСМ Зоран Заев и на бројни кумановчани. „Денеска свечено го отворивме и затворениот и отворениот базен, инвестиција која траеше повеќе години, со година и половина задоцнување поради оправдани финансиски причини“ посочи градоначалникот Дамјановски.

 

Целокупниот проект вреди 200 милиони денари, кои се целосно обезбедени од буџетот на Општина Куманово. Затворениот базен се простира на површина од 3.200 метри квадратни, со капацитет да прими околу 200 гости. Во објектот може да се одржуваат и спортски натпревари, за кои е изведен трибински простор за речиси 500 гледачи. Комерцијалниот дел од базенот се протега на 1.300 метри квадратни, во кои е предвидено во наредниот период да се сместат СПА центар, ресторани, спортски продавници и хотел со капацитет од 50 гости.

 

До крајот на летото, најголемо внимание за кумановчани ќе предизвика отворениот базен, кој има вкупна површина од 1.990 метри квадратни, од кои самиот базен се протега на 500 метри квадратни. Отворениот базен може да прими 200 капачи, за кои во целодневниот билет од 150 денари е обезбедена и лежалка. Целодневната карта за користење на затворениот базен изнесува 200 денари.

 

Општина Кумоново во претстојниот период планира да ја уреди и околината на спортскиот објект. Паркингот пред базенот ќе се реконструира, додека околниот простор хортикултурно ќе се уреди и ќе се изведе парк со споменик за загинатите бранители.

 

извор: Општина Кумановоизвор: Општина Кумановоизвор: Општина Куманово

извор: Општина Кумановоизвор: Општина Кумановоизвор: Општина Куманово

извор: Општина Кумановоизвор: Општина Кумановоизвор: Општина Куманово

извор: Општина Кумановоизвор: Општина Кумановоизвор: Општина Куманово

извор: Општина Кумановоизвор: Општина Кумановоизвор: Општина Куманово

извор: Општина Кумановоизвор: Општина Кумановоизвор: Општина Куманово