Претходна статија
Кои се 5-те најважни места за изолација во домот?
Следна статија
АНАЛИЗА: Македонија да каже „НЕ“ на проектот „Турски поток“

Струшки „Илинден“ ќе го гради затворениот пазар во Охрид

Објавено на 28.02.2015 во категорија Вести.

Охридската локална самоуправа ја избра градежната компанија „Илинден“ од Струга за приватен партнер во изградбата на затворениот пазар во Охрид. Оваа одлука вчера беше изгласана од Советот на Општината, откако претходно приватната фирма ја достави својата понуда на третиот по ред повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство за проектот. Овој инвеститор беше единствениот што поднесе понуда. Објектот ќе биде лоциран на местото на постоечкиот градски пазар и ќе има вкупна површина од 6.779 метри квадратни.

 

Градскиот пазар во Охрид„Објектот ќе биде на четири нивоа. На приземјето е сместен затворениот зелен пазар, квадратурата на приземјето е 1.913 метри квадратни, од кои 1.230 метри ќе припаднат на јавното претпријатие „Градски пазар“. На првиот кат ќе се изградат 2.433 метри квадратни и таа површина ќе припадне на приватниот партнер, а општина Охрид ќе добие деловен простор со површина од 200 метри квадратни на вториот кат“, вели Димитар Спасевски, секретар на општина Охрид. Приватниот партнер ќе ја реконструира фасадата и покривот и на постоечкиот објект на ЈП „Градски пазар“, лоциран веднаш до пазарчето.

 

Предвиден е и подземен гаражен простор со капацитет за паркирање на 150 возила. „Илинден“ треба да инвестира над 200 милиони денари, или околу 3,3 милиони евра, а рокот за изведба е 18 месеци.