Претходна статија
„Катар ервејс“ почна да сообраќа кон Доха, „Еуровингс“ од октомври ќе лета за Минхен
Следна статија
Општина Битола ќе даде дел од парите за реконструкција на Офицерски дом

Стопирано е градењето во Скупи

Објавено на 17.07.2017 во категорија Вести.

 

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ е загрижена за стопирањето на финансиските средства за изградбата на Античкиот театар во Скупи. Валентина Божиновска денеска повика на продолжување на изведбата на ова здание, а за проектот истакна дека го реализирале илјадници археолошки работници. „Со ребалансот на буџетот предвиден за изградба на Античкиот театар Скупи, сите средства кои беа наменети за проектот се укинати со ребалансот и тоа внимавајте некаде над 80%“ изјави Валентина Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Од владејачката партија СДСМ излегоа со реакција дека новата влада ќе го заштити културното и историското наследство од секој обид за уништување на објектите од културно и историско значење. „Еден од најочигледните докази за тоа е археолошкиот локалитет Скупи. Преку сомнителен тендер со набилдани цени за таканаречена обнова на локалитетот, ВМРО-ДПМНЕ противправно сакаше да изгради сала од бетон замаскирана со травертински плочки и да го осквернави и нагрди археолошкиот локалитет, само за да се остварат нечии криминални интереси“ велат од СДСМ.

 

Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ во јуни 2016 година го потпиша договорот за „барокизација“ на Античкиот театар во Скопје. На местото на овој локалитет сакаше да изгради арена што ќе собира дури 9.000 гледачи. Идејата прв ја обелодени поранешниот премиер Никола Груевски во текот на февруари 2016 година. Носител на проектот е Управата за заштита на културното наследство, а за изведувач на таканаречената обнова на Античкиот театар во Скупи беше избрана тетовската фирма „АК Инвест“. За овој проект од државниот буџет беше предвидено да се одвојат 7.000.000 евра.