Претходна статија
3,4 милиони евра за реконструкција на стариот струмички театар
Следна статија
Јавен градски превоз ќе се воведе и во Кочани

Старите фасади во Центар ќе добијат нов лик, прва „Папагал“ зградата

Објавено на 21.11.2013 во категорија Вести.

#Општина Центар го стартуваше проектот за реконструкција на дотраените фасади на 50-тина станбени згради на територијата на оваа локална самоуправа. Обемниот зафат почна со реновирање на познатата „Папагал“ зграда, на крстосницата на булеварите „Св. Климент Охридски“ и „Димитрија Чуповски“. Објектот ќе добие нова термичка фасада, со вградување на термоизолационен материјал со дебелина од 5 cm. Во договор со станарите, зградата ќе го задржи својот препознатлив изглед и по завршувањето на реконструкцијата. Како бенефит од претстојниот зафат е и спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност, што ќе доведе до намалување на сметките за топлинска енергија за една третина.

 

За освежување на надворешниот изглед на оваа станбена зграда се издвоени финансиски средства во износ од 4.885.000 денари од локалниот буџет. Општина Центар во понатамошниот период планира планира етапно да ја реализира промената на фасадите и кај други постари зданија од централното градско подрачје.