Претходна статија
Привршува реконструкцијата и доградбата на Министерството за транспорт и врски
Следна статија
Ќе се градат две училишта во скопски Хиподром и во тетовско Фалише

Спорен договорот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје

Објавено на 19.05.2017 во категорија Вести.

 

Со задоцнување од неколку години од првично најавениот рок, министерот за здравство во заминување Никола Тодоров денеска го потпиша договорот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје. Изведувач на градежните работи ќе биде италијанско-македонски конзорциум составен од фирмите „Инсо системи“ од Италија, „Гранит“ и „Бетон“ од Скопје. За објектот ќе се потрошат 72 милиони евра обезбедени од Банката на Советот на Европа. Градежните работи ќе треба да се завршат во рок од 45 месеци.

 

 

Досегашниот министер Никола Тодоров денеска не сакаше да даде коментар за тоа дали има законско право да го потпише овој договор. За идниот објект со планирана површина од 47.000 метри квадратни денеска реагираа од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). „Најавуваме дека ќе има ревизија на работењето на Владата со технички овластувања во заминување. Меѓу другото ќе бидат преиспитани и процедурите преку коишто во последен момент, пред трансферот на власта, Тодоров и соработниците влегоа во договор за изградба на нов Клинички центар“ изјави Петар Шилегов од СДСМ.

 

Од СДСМ нагласуваат дека новиот Клинички центар ќе го гради реформската влада во пакет со најавените мерки во здравството од програмата на социјалдемократите.