Претходна статија
Поништен тендерот за изградба на патарина на автопатот Демир Капија - Смоквица
Следна статија
Македонски железници ќе инсталира интегриран систем за управување со енергијата

Споменикот на Ќосето ќе ја напушти Судската палата во Скопје

Објавено на 04.10.2017 во категорија Вести.

 

Македонскиот премиер Зоран Заев и официјално го најави отстранувањето на споменикот на Андон Јанев-Ќосето од пред Судската палата во Скопје. Првиот човек на владата изјави дека ваквиот чекор ќе биде преземен по направената стручна ревизија од Министерството за култура. Комисијата за ревизија на проектот „Скопје 2014“ од Министерството за култура веќе го изготвила првиот извештај. „Детално ќе расчистиме да се знае што се градело, како се изградило и колку е платено. Комисијата за ревизија во Министерството ќе работи и со општината на расчистување на ова прашање, а целата документација ќе биде јавна“ изјави премиерот Заев.

 

 

Поставувањето на споменикот на Андон Лазев Јанев – Ќосето пред Судската палата во Скопје предизвика големи реакции во јавноста. Овој егзекутор на ВМРО со камата и револверот во своите раце многумина ги потсетуваше на арбитрарно делење на правда, за што е и одбрана локацијата пред судскиот комплекс во Скопје. Некои го споредуваа споменикот на Ќосето со контроверзните обележја на основачот на КГБ, Феликс Ѕержински. Овие обележја во Источна Европа беа срушени веднаш по падот на комунизмот во 1989 година. Споменикот на Ќосето беше поставен во септември 2014 година од страна на Здружението за духовно одбележување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија.