Претходна статија
Македонски железници набавува хардвер за новиот систем за управување со енергијата
Следна статија
Ако се гради во Бардовци, новиот Клиничкиот центар би чинел и до 500 милиони евра

Советот на град Скопје и официјално ја прекина „барокизацијата“ на фасадите

Објавено на 31.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Ставен е крај на менувањето на постојниот изглед на објектите од централното градско подрачје. Советот на град Скопје денеска и официјално донесе одлука за укинување на Програмата за реконструкција на фасадите на објекти од центарот на Скопје, но и ги усвои одлуките за укинување на одлуката за утврдување на изгледот на „барокните“ фасади на овие објекти. Во рамките на проектот „Скопје 2014“, претходното градско раководство со овој проект го промени изгледот на десетици згради во главниот град, а под закана за уништување на оригиналниот изглед беа ставени вкупно 95 објекти.

 

 

Со донесената одлука на градските советници се спасени значајни објекти важни од архитектонската историја на градот. Објектите „Ибни Пајко“ и „Метропол“, изградени во 30-тите години од минатиот век, ќе ги задржат изворните фасади изработени од нивните архитекти. Заедно со нив, е стопирана промената и на другите фасади од проектот „Скопје 2014“. На тој начин, ќе се заштитат и сеќавањата на жителите за некогашниот изглед на главниот град и значајното архитектонско творештво изработено во децениите наназад.

 

Новите градски власти неодамна ја информираа јавноста дека планираните финансиски средства за „барокизација“ на Скопје ќе се пренаменат за изведба на нови енергетско ефикасни фасади на средните училишта во главниот град.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.mk